Skip to main content

Започна дотерувањето на некогашното Светиклиментово училиште

По враќањето на објектот како црквен имот со процесот на денационализација сега забрзано  се реновира неговата надворешност и внатрешност.    

 |  Валентина Нелоска  | 
Svetiklimentovo ucilishte
Svetiklimentovo ucilishte
Некогашната зграда на Свети Климентовото  училиште започна да се дотерува. По враќањето на објектот како црквен имот со процесот на денационализација сега забрзано  се реновира неговата надворешност и внатрешност.    
Од Дебарско- кичевската епархија кратко информираат дека во објектот ќе биде сместена нивната  администрација. Реновирањето на зградата се прави според проект одобрен од Завод и  Музеј. Работите треба да завршат до крајот на годината.  
Зградата во текот на минатото  имала  неколку  намени почнувајќи од основно училиште, Музеј на Словенската  писменост, простор каде што се чуваа  70.000 книги од библиотечниот фонд на градската  библиотека, па се до канцеларија на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.
По враќањето на објектот на Црквата од просториите беа повлечени книгите сопственосот на  НУБ Григор Прличев и се сместија во Центарот за култура.
Во Музејското депо се складираа  и  повлекоа  експонатите од стрословенската писменост, а канцелариите на Секретаријатот се иселија во привремени простории во спортската сала.
Објектот, изграден кон крајот на 19 век, е споменик на културата и е ставен под заштита на Унеско.

{loadposition content9}