Skip to main content

Се помал бројот на основците

Ситуацијата најалармантна кај подрачните едници во селските средини.

 |  Крсте Голабоски  | 
osnovno
osnovno
Се помал бројот на ученици кои се запишуваат во основните училишта. На претходната седница на Совет, советниците ги изгласаа предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици. Серафим Наумоски од одделението за образование на Секторот за јавни дејности при Општината, информира дека споредбено со минатата година, само во прво одделение се запишале 11 ученици помалку од лани.

„ Да бидеме искрени бројката на запишани ученици од година во година бележи пад, на учениците од некаде 548, 530, оваа година бројот е најмал но тоа е во селските средини, односно во подрачните училишта е намален бројот на учениците. За разлика од минтите години, во Долно Лакочереј имаме зголемен број на ученици, мислам дека нема да се одрази како број и понатака“, вели Наумоски.

Годинава ситуацијата е подобрена и во О.У Св.Климент Охридски, каде во споредба со минатата година, бројот на запишани првооделенци е поголем. Наумоски потенцира дека појавата на намален број на запишани ученици во прво одделение, понатака повлекува реперкусии како за бројот на запишани ученици во повисоките одделенија, така и  за самиот процес на образование. Намалениот број на ученици може да предизвика таканаречено гаснење на некои од подрачните единици во селските средини, Наумоски со став дека сега за сега место за паника нема.

osnovci„ И оваа учебна година,сигурно ќе си продолжи онака како штое е. Трпејца имаме еден помал број на ученици, меѓутоа мора да опстојува подрачното училиште, бидејќи превозот на учениците е малку попроблематичен, бидејќи не се во исто одделение. Ако ги однесеме во централното училиште ќе треба превозот да го регулираме, односно да се прилагоди на часовите на учениците.“

И колку смирувачки да се ваквите тврдења, ако продолжи ваквиот тренд на опаѓање на уписи на ученици во прво одделение, неминивно е да се намалат паралелките и во понатамошното школување, што пак ќе повлече останување и на одреден број наставници без работа. Инаку, предлог одлуките за формирање на паралелки со помалку од 25 ученици ги донесува Советот на општината по претходно добиено мислење од Министерството за образование.

{loadposition content9}