Skip to main content

За посета на Националните паркови во иднина ќе се наплаќаат влезници

Националните паркови во земјава ја разгледуваат можноста за наплаќање влез за посетителите. Оваа новина што се планира кај нас, одамна е пракса кој се применува во Европските и светските паркови.

 |  Валентина Нелоска  | 
np Galicica
нп Галичица

np GalicicaНационалните паркови во земјава ја разгледуваат можноста за наплаќање влез за посетителите. Оваа новина што се планира кај нас, одамна е пракса кој се применува во Европските и светските паркови. Овој систем на наплата сега се овозможува со измените во Законот за заштиата на природата и усогласувањето со европските, вели директорот на НП „Галичица“, Зоран Анѓелоски. Првиот човек на оваа установа појаснува заедно со двата национални паркови од земјава ја разгледуваат опцијата дали има простор да се наплаќа влез или тоа да биде парцијало на уредените локалитети. Воведувањето на оваа новина се планира веќе од наредната година. На овие измени им претходеле низа подготовки. Една од нив била спороведувањето на анкета која се реализирала во соработка со Факултетот за туризам и угоститетелство. 90 посто од испитаниците се согласиле дека треба да се наплаќа за влез.

Трите македонски национални паркови покрај оние во соседна Србија, единствено работат на принцип на самофинансирање. Така, малиот приход од влезниците би се користел наменски за одржување и чистење на парковите . Во изминативе три години Националниот парк „Галичица“ се здоби со квалитетни и нови содржини интересни за посетителите. Се изградија два информативни центри во Охрид и Стење, 350 км едукативни пешачки и велосипедски патеки, се уредија излетничките места Корита и Јадера, опремен е планинарски дом со капацитет од 20 легла, изградени се видиковци, развиени се нови фоми на туризам, планински велосипедизам и параглaјдерствo.

{loadposition content9}