Skip to main content

30 училишни комплети за основците од „Братство единство“

На донацијата најмногу се радуваат учениците со посебни образовни потреби, од кои најгоемиот дел се и социјално и воспитно загрозени.

 |  Крсте Голабоски  | 
donacija
donacija

donacijaКомплети училишен прибор за потреби на учениците од ОУ Братство Единство од Охрид. Целата идеја потекнала од дефектологот во училиштето Наташа Илоска, која објасни дека нивното училиште е едно од ретките во Охрид, кое овие дечиња ги има вклучено во редовната настава. А истите тие дечиња потекнуваат од социјално загрозени семејства, па ваквата помош им беше повеќе од потребна, додава Илоска.

Така и овој пат бидејќи во нашето училиште опфатени се голем број ученици со посебни образовни потреби, а дел од нив се социјално и воспитно загрозени, ни беше потребна помош за нивно подобро и поактивно вклучување во воспитно образовниот процес“, вели Илоска.

Станува збор за донација, која итоакако ќе ја најде својата примена во образовниот процес кој нуди индивидуален развој на учениците со посебни потреби. Инаку овој мини проект е резултат на соработката на Организацијата на Црвениот Крст со образовните институции и е дел од програмата на социјално-хуманитарната сфера, велат активистите од Црвениот крст.

Една од дејностите е да им се помага на семејствата односно на учениците на кои им е тоа потребно. Во О.У „Братство и единстево“, со помош на нашите донатори од „Евроџинс“ од Охрид и неговите партнери од Германија успеавме да набавиме триесет учлилишни прибори, кои ќе се за дечињата со посебни потреби и за оние кои се од социјално загрозени семејства“ кажува Јованоска.

donacijaОсман Османи, директорот на О.У Братство и единство истакна дека очекува во пресрет да им излезат и многу други организации, а дека е добредојден секој што е во можност да помогне, бидејќи во училиштето недостасасуваат и нагледни средства, како и материјали за работа. Османи уверува дека донацијата ќе оди на вистински место.

Така ние поденосвме брање до Црвениот Крст, тие позитивно ни одоговорија и ете денес, нов прибор за деца, училишни ташни и се друго што е потребно и сигурно дека тој прибор, таа донација ќе оди во вистински раце, на тие деца кои навистина се загрозени, а како што реков ги имаме многу“ задоволен директорот Османи.

Инаку ваквата постојана соработка на училиштата од градот, со Организацијата на Црвен Крст резултира со реализација на вакви проекти кои се од голема помош како за учениците, така и за нивните семејства.

 {loadposition content9}