Skip to main content

Нови скандали околу пописот на населението

Веќе четврти ден од пописот на населението во Република Македонија, а не запираат контроверзиите. После бурните настани кои се случија на само ден пред започнувањето на пописот, сега уште еден скандал, овој пат во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
popis
попис

popisВеќе четврти ден од пописот на населението во Република Македонија, а не запираат контроверзиите. После бурните настани кои се случија на само ден пред започнувањето на пописот, сега уште еден скандал, овој пат во Охрид. Припадниците на заедницата на Еѓипјани обвинуваат дека иако легитимно биле избрани за попишувачи, сепак не им дозволуваат да излезат на терен.

Уште еден скандал околу процесот на попишување на населението во Република Македонија. Попишувачите припадници на заедницата на Еѓипјани обвинуваат за дискриминација по етничка основа, а најавуваат и реакции до сите надлежни институции во земјава. Тие велат дека единствен услов според законот е попишувачкиот тим да биде бинационален, од кои еден македонец и еден припадник на другите етнички заедници и тоа едниот да доаѓа од редовите на јавната администрација, а другото лице да биде избрано на конкурсот за попишувачи.

popisЕте четврти ден од започнувањето на пописот иако претставниците на заедницата на еѓипјаните се избрани за попишувачи, тие не се пуштаат на терен од некакви си не знам какви игри, дали тука во пописната комисија или во Скопје, кажуваат дека еѓипјаните не можат да бидат попишувачи, па дека мора да бидат во пар со албанците или само таа комбинација е можна, а ете во Охрид гледам дека имаме проблем со попишувачи албанци.-вели Рубин Земон-Сојуз на Балкански Еѓипјани.“

Од друга страна пак со реакција се јави и Здружението на Ромите „Светлина-2007“ кои тврдат дека и тие се жртви на притисоци околу изјаснувањето на нивниот национален идентитет, но од страна на припадниците на заедницата на Еѓипјаните. Овие обвинувања експресно беа отфрлени од Сојузот на балканските еѓипјани од каде велат: „Еѓипјаните никого не асимилираат, ниту пак сакаат во нивните редови да приклучат неетнички елементи.“

За овој проблем беа информирани во реонската пописна комисија во Охрид. Претседателката на овој пописен реон, Весна Лекоска потврди дека во текот на вчерашниот ден претставници од заедницата на Еѓипјаните го актуелизирала овој проблем пред реонската пописна комисија, но Лекоска вели дека ова прашање можат да го решат само високите инстанци каде ова прашање е дадено на разгледување. Сепак изрази надеж дека наскоро ќе биде пронајдено соодветно решение. Ја контактиравме и Државната пописна комисија, но за жал претседателката на комисијата, Слободанка Гиевска не беше присутна, па не го добивме нивниот став околу ова прашање. Генерално гледано Лекоска вели дека е задоволна од тоа како се одвива пописот во нашиот пописен реон.

popisПопишувањето во пописниот реон 21 кој ги опфаќа општините Охрид и Дебрца е отпочнато во предвидениот законски рок и истиот се одвива според претходно предвидениот план и динамика. Во тек е доекипирање на листата на попишувачи од албанската етничка заедница. Се предвидува дека ќе бидат попишани околу 60.000 лица. Дел од попишувачите се веќе на терен и тековно ги добиваме податоците за понатамошна обработка.“-рече Претседателката на реонската пописна комисија Весна Лекоска.

Можеби моменталната статистика говори за правилно одвивање на попишувачкиот процес, но бројните скандали кои го следат во чекор, апсолутно ни даваат право да се сомневаме во крајниот исход. Дали пописот на населението ќе се одвива нормално до самиот крај или пак ќе се остварат црните сценарија на екс-претседателката на државната пописна комисија, Весна Јаневска, сеуште е рано да се каже. Да се надеваме дека по 15ти Октомври ќе можеме да се пофалиме со реални резултати на пописот на населението во оваа 2011 година.

{loadposition content9}