Skip to main content

Дали ви се усогласени урбанистичките и катастарските планови?

Дали некогаш сте ги провериле котите на вашата парцела? Сторете го тоа бидејќи постои можност вашата катастарска парцела да не соодветствува со урбанистичката парцела. Овој проблем го посочи началникот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов на продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
dup
dup

dupДали ги знаете точните димензии на вашата парцела? Дали некогаш сте се обиделе да ги споредите урбанистичките и катастарските планови на вашиот имот? Постои можност димензиите на вашата урбанистичка парцела да не се поклопуваат со димензиите на катастарската парцела-овој проблем го истакна началникот на секторот за урбанизам и просторно планирање на продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид.

Презентирајќи ја предлог одлуката за утврдување Нацрт урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани, Арнаудов потенцираше дека ова е проблем кој мора да се решава на повисоко ниво, а доколку тоа не се случи, тогаш според неговата проценка, на околу 60 % од локациите во градов ќе мора да се изврши усогласување на урбанистичката со катастарската парцела.

Стапивме во контакт и со Охридското одделение на Агенцијата за катастар од каде добивме информација дека вакви проблеми може да се појават доколку има грешки во авионското снимање на парцелите, погрешно се поставени котите или пак граѓаните од неинформираност ги отстраниле или поместиле истите. Но ни потенцираа дека премер на парцелата тие прават само по барање на нејзиниот сопственик, по што се разбира, трошоците паѓаат на товар на сопственикот на парцелата. Иако на прв поглед се работи за мал проблем, Арнаудов појасни дека проблемот не е ни малку наивен. Често се случува една парцела со неколку метри да навлегува во друга парцела според новиот катастар, но исто така додаде дека доколку урбанистичката и катастарската парцела не се усогласени, тогаш сопствениците не ќе можат да добијат никаков документ, ниту за реконструкција, ниту за адаптација, надградба или доградба на објектот.

Затоа доколку не сте направиле увид во урбанистичкиот и катастарскиот план на вашата парцела, тогаш можеби е време тоа да го направите. Можеби веќе утре на врата ќе ви тропне некој што ќе ви тврди дека дел од вашето место е всушност негово.