Skip to main content

Се стеснува просторот за криминалците од регионов

Потпишан договор за екстрадиција на криминалци помеѓу Македонија и Црна Гора.

 |  Крсте Голабоски  | 
ministri za pravda Makedonija i Crna Gora
ministri za pravda Makedonija i Crna Gora

Криминалците повеќе нема да можат да се штитат со државјанството на својата држава. Ова го предвидува новопотпишаниот договор за екстрадиција кој неодамна на Министерскиот форум за внатрешни работи и правда, го потпишаа Министрите за правда на Македонија и Црна Гора, Блерим Беџети и Душан Марковиќ. Министерот Марковиќ истакна дека регионалната соработка е еден од најдобрите инструменти за заштита од делувањето на криминалот како во регионов, така и пошироко.

Со овој договор ние го стеснуваме просторот за криминалците. Со потпишувањрто на овие договори, криминалците нема да може да се штитат со државјанството на својата држава, ниту националното законодавство ќе ги заштит од достапноста на правдата“, изјави Марковиќ.

ministri za pravda Makedonija i Crna GoraИ двајцата министри по потпишувањето на договорот со став дека, овој чин претставува доказ за подготвеност, решителност и способност на земјите потписнички преку развој на регионални инструменти да ги унапредат активностите во борбата против организираниот криминал.

Овој договор е значаен како за државите, нејзините граѓани, но и за регионот, оттаму што тој ќе овозможи поефикасна борба против криминалот. Секако дека како две пријателски држави ја изразуваме нашата подготвеност соработката да ја прошириме и во другите сфери, за кои ќе произлезе потреба“, изјави македонскиот министер за правда.

Вакви договори Црна Гора има веќе потпишано со Хрватска и Србија. Република Македонија пак, на 8 јули ваков документ за екстрадиција на осудени лица потпиша и со Република Хрватска, а во тек се активности за потпишување договор и со Република Србија. Услови за потпишување вакви договори за Македонија се појавија со измените на Уставот и уставниот Амандман 32, донесени во март годинава.

{loadposition content9}