Skip to main content

Се менува улогата на судиите

Со новиот Закон за кривична постапка, судиите ќе станат неутрални арбитри на фактите, доказите и околностите на еден судски предмет. Од друга страна пак, ќе се зголемува надлежноста на Обвинителството и обвинителите.

 |  Крсте Голабоски  | 
pravnici
pravnici

Со новиот Закон за кривична постапка, судиите ќе станат неутрални арбитри на фактите, доказите и околностите на еден судски предмет. Од друга страна пак, ќе се зголемува надлежноста на Обвинителството и обвинителите.

Со измените на Законот за кривична постапка, кои за повеќе од една година треба да стапат на сила, нивната улога значајно ќе се измени. Новиот правен систем ќе го презентира судијата, како неутрален во судницата, па така, повеќе нема да изгледа дека судијата е дел од тимот на обвинителството, велат експертите по право. Со овие промени на системот, судијата ќе биде неутрална страна и ќе носи одлуки за фер судење, додаваат експертите.

„Слично како и сегашниот систем во САД согласно измените во Законот за кривична постапка, судијата ќе биде  неутрален арбитер на фактите, доказите и околностите, на еден судски предмет, адодека товарот на докажување ке падне на страната на учесниците на постапката, обвинителството и одбраната кои ќе бидат еднакви во самата постапка“, вели Ворен.

pravniciНовиот закон, предизвик и за обвинителите. Овој закон ќе овозможи водечка улога на јавниот обвинител во истражната постапка, систем на односи меѓу обвинителот и правосудната полиција, нова улога на судот во текот на истрагата и нова улога во текот на судењето, велат експертите.

„Суштината на новата постапка, е дека улогата на обвинителството и судиите драстично ќе се разликува, во одредена мера драстично зголемена ќе биде зголемена надлежноста и овие радикални промени правиме напори да ги подржиме и да ја подржиме имплементацијата која не очекува“ додава Ворен.

„Улогата на судијата во новата акузаторна постапка“ е тема на семинарите кои деновиве се одржуваат во Скопје  и Охрид во организација на Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на судии на Република Македонија, а во соработка и со финансиска поддршка на Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД и Програмата ИНЛ при Стејт департментот. Семинарите се наменети за судиите од кривичните оддели и судиите од одделите за прекршоци од апелациските подрачја, како и за претставниците на Министерството за внатрешни работи.

{loadposition content9}