Skip to main content

Матичните клетки се од непроценлива вредност

Над 900 медицинари од земјава и странство, деновиве ги исполнија охридските хотелски капацитети. Тие се учесници на петтиот конгрес на здружението на педијатрите на Македонија, кој се одржува во Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
m kletki
m kletki
Во Охрид се одржува петтиот конгрес на Здружението на педијатри на Македонија. Др Александар Сајковски од Здружението на педијатри на Македонија, истакна дека луѓето кои се занимаваат со лекување на децата, перманентно се присутни во цел систем на развој на педијатриската мисла и наука. Тој додаде дека посебно задоволство му е што здружението денес има толку партиципиенти. Сајковски рече дека на конгресот се застапени пет глобални теми, кои во моментов се најкруцијални, најинтересни и најактуелни во светот. Тие се од областа на исхрана, интензивно лекување, раст и развој, кардиологија и ендокринологија.
kongresСвој штанд на конгресот имаа и претставниците од Би-Мек, Центарот за медицинска опрема. Менаџерот на Cryo-Save, д-р Даница Алачка, кажа што претставуваат матичните клетки, поточно, дека се работи за нов правец кој нуди можност за лекување на сериозните заболувања, со кои конвенционалната, стандардна медицина досега немала соодветно решение да се справи. Таа исто така потенцира дека се работи за нова  област во медицината, која во светски рамки се применува околу 20 год, а кај нас на тоа се работи 5 год.
Она што треба да се знае вели Алачка, е дека постапката на зачувување на матичните клетки, може да се направи само во еден момент, непосредно пред раѓање на детето. Додава дека за истата постапка треба добра едукација од страна на обучен гиниколог, кој на брачниот пар ќе му појасни зошто го прават тоа, како и тоа да знаат кои се придобивките доколку се одлучат да ги зачуваат матичните клетки.
Нема никаков ризик од спроведување на постапката за зачувување на матични клетки. Таа е безболна, кратко трае, а се изведува непосредно веднаш после породувањето, во момент кога папочната врвца не е дел ниту од бебето ниту од мајката. Целиот материјал се обработува од стручни медицински тимови и се испраќа во Белгија каде е банката на Cryo-Save. Пакет мерките за зачувување на матични клетки во Белгиската банка за 20 годишен период чини 1750 евра со услови на одложено плаќање.

{loadposition content9}