Skip to main content

Македонско овошје и зеленчук на руските пазари

Трговската размена помеѓу Македонија и Русија бележи значителен напредок. Главна точка на интерес е македонското земјоделско производство кое се одликува со исклучителен квалитет. Неговиот продор на рускиот пазар дополнително ќе биде олеснет со пристапувањето на Руската федерација кон Светската трговска организација кое треба да се случи во блиска иднина.

 |  Мишел Наумоски  | 

piperkaДолго критикуваниот извоз на македонските земјоделски производи се чини конечно го наоѓа својот пазар. Продорот на македонското овошје и зеленчук на Рускиот пазар, овозможува сигурен пласман на овие исклучително квалитетни производи на огромниот руски пазар. Имено во моментот, Руската федерација го привршува процесот на приклучување кон Светската трговска организација што значи автоматско олеснување во меѓусебната трговска размена помеѓу нашите земји. Се чини дека на рускиот пазар свој пласман ќе пронајде и нашето македонско вино, но како готов производ, а не во наливна форма.

Како што кажавме, има напредок. Значи од година во година се подобрува размената. Оваа година таа е зголемена за околу 30%. Посебно зголемувањето е изразено во делот на земјоделско-прехрамбените производи. Како што кажавме имавме неодамна и посета на Москва и таму уште беа потпишани нови договори за извоз на македонски производи, целокупното производство на праските од Росоман се реализира во Руската федерација, добар дел од овошјето и зеленчукот од Струмичкиот и другите региони оди на тој пазар.“-вели Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески.

На вчерашното петто заседание на меѓувладината македонско-руска комисија за економско-трговска и научно-техничка соработка, владините претставници на двете земји се договорија да вложат дополнителни напори кон обединување на претприемачите и од Македонска и од Руска страна. Во тој процес големо влијание секако ќе имаат и Стопанските комори на двете земји-потенцираше рускиот заменик министер за регионален развој, Максим Травников.

Зборувавме за евентуална промоција на одредени македонски земјоделски производители на рускиот пазар зборувавме за овошјето и зеленчукот, за виното, но исто така зборувавме и за изнаоѓање на некакви нови, можеби досега неискористени можности, пред се во руските региони во кои што можеби за жал сеуште не ги познаваат доволно македонските можности односно можностите на македонските компании.“-рече Максим Травников, заменик министер за регионален развој од Русија.

Министерот за финансии на Република Македонија, Зоран Ставрески изјави дека одреден број на македонски производители се веќе присутни на рускиот пазар, но додаде дека покрај заедничките напори на бизнис секторите од двете земји, преку оваа комисија ќе се овозможи и воспоставување на адекватна правна рамка која ќе ги регулира трговските односи помеѓу Република Македонија и Русија.

{loadposition content9}