Skip to main content

Хуманитарен баскет во Охрид

Со кошарка до средства за најранливата категорија Охриѓани. Во СРЦ Билјанини извори се одржа Хуманитарен баскет, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ и ОО на Црвениот крст.

 |  Татјана Маленкова  | 
humanitaren basket
humanitaren basket

humanitaren basketСо кошарка до средства за најранливата категорија Охриѓани. Во СРЦ Билјанини извори се одржа Хуманитарен баскет, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ и ОО на Црвениот крст. „На почетокот, кога се одлучивме да организираме аков турнир бевме скептици, затоа што досега во Охрид не беше организирана ваква манифестација, но на крај с епокажа дека навистина Охриѓани се хумани. Докажавме дека заеднички сите можеме да направиме нешто добро“, истакна претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.

Направивме 30 екипи до 18 години и над 18 години и покажавме дека со дружењето и промовирањето на спортот дека му помогнавме на оние на кои им е најпотребна нашата помош. Тие средства кои се собираа со влезниците одат директно во Црвениот крст, а тие ќе ги распределат онаму каде тие сметаат дека треба да ги распределат“, истакна претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.

Горди сме што во Охрид има хумани луѓе, но и задоволни што не бараат како соработници или партнери да организираме хуманитарни активности. И минатата година имавме еден ваков сличен турнир, но тој беше во одбојка и го организиравме со локалната самоуправа“, истакна претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точков.

humanitaren basketСредствата кои ќе се соберат од продажбата на влезниците или од фирмите и организациите кои донираа пред почетокот на турнирот ќе бидат наменети за најранливата категорија на граѓани за оние кои имаат здравствени проблеми за оние кои треба да одат на лекување, а неможат сами да платат. Средставата не се којзнае колку за да помогне е којзнае колку скапи опрерации но сепак ќе излезме во пресрет на дел од социјално загрозените случаи кои имаат потреба да се лекуваат„, вели претседател на ОО на Црвениот крст, Сашо Точков.

Дел од хуманитарниот баскет беа и Охридските пратеници Александар Николовски и Хари Шокароски.

Во функција сме да го подржиме спортот во градот и да дадеме пример како треба младината да се однесува, да ги подржиме сите екипи формирани последниве години. Како пратеници и како граѓани ќе се залагаме за понатамошна афирмација на спортот во Охрид“, истакна пратеникот Хари Шокароски.

И пратеникот Николовски и покрај партиските обврски во Скопје, како и покрај повредениот

десен скочен зглоб, не пропушти денеска да биде дел од турнирот. „Желбата беше голема денеска да одиграм барем една ревијана утакмица, затоа како што рече добро е и луѓето да не видат во една поинаква спортска варијанта“.

Оваа година за прва пат гледаме едно иницирање на псортско движење кое го немало едно 20тина години, би сакал да кажам дека Охрид има два фудбалски тима едниот во првата другиот во втората лига и им посакавум на двата успех и на „Охрид Љоте“ и на „Охрид 2004“, се надевам дека овој од втора ќе влезе во прва лига, а дека „Охрид 2004“ дека в година ќе игра и во Европа. Гледаме дека полека се развива ракометот, женскиот фудбал се надевеме дека полека ќе се развива и кошарката, а тука треба првично да помогме бизниз заедницата, а онаму каде ние можеме да помогнеме стоиме на располагање. го изменивме законот за спорт кој овозможува спортските друштва да се акционерски друштва за да се работи на профитна основа каде ќе може да вложуваат бизнисмените да добиваат акции и да имаа соодветен профит“, истакна пратеникот Александар Николоски.

Николоски апелираше до локлната самоуправа како што кажа да им овозможат да ги завршат спортските објекти кои ги имаат започнато во Охрид, но и оние кои планираат да ги изградат. Ги наведе салата во Велгошти, мулти функционалните игралишта, давата фудбалски терени еден во Лескоец, еден во склоп на салата Билјанини извори, тениски терени, базенот.

За тимовите кои беа дел од Хуманиратниот баскет нема награди, туку како што кажаорганизаторот сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а учениците ќе добијат благодарници како поради нивното учеството на хуманитарниот турнир. Организаторот нјавува дека и во иднина ќе се потрудат да организираат вакви турнири.

 {loadposition content9}