Skip to main content

Дојдоа, видоа и си заминаа – некои проблеми останаа

Претставниците на етничките заедници, во општина Охрид, Египќаните, Власите, Ромите, Србите, Турците се пожалија на низа проблеми со кои се судираат при тековниот попис.

 |  Валентина Нелоска  | 
tribina
трибина


tribinaПретставниците на етничките заедници, во општина Охрид, Египќаните, Власите, Ромите, Србите, Турците се пожалија на низа проблеми со кои се судираат при тековниот попис. Немаат членови во пописните комисии, некои од попишувачите биле преставени како припадници на други етнички заедници. Во општина Охрид нема нити една заедница со над 20 посто па нема формирано Комисија за односи меѓу заедниците тоа е оставено на добрата волја на градоначалникот и на Локалната самоуправа. Побарано е формирање на вакво тело но досега нема одговор. Од етничките заедници се интресираа дали секоја група има свој член во пописните комисии. Одговорот на државниот пописен инструктор, Станко Стојаноски беше дека во општините Охрид и Дебрца треба да има 628 попишувачи, но нивното комплетирање до вчера не е завршено.

Од Агенцијата за оставрување на правата на заедниците дадоаа одговор за решавање на некои прашања ама за некои се оградија од надлежност.

tribinaЕгипќаните се пожалија зошто ги нема во Преамбулата на Уставот, дека не можат да се вработат. Преставникот од влашката заедница, Јордан Трца, пак покрај секојдневните проблеми на нивната заедница стави забелешка дека државата не настојува да се зачува јазикот на Власите. Тој упати критики за Рамковниот договор. „Македонија не оди во правец на градење на цивилно општество, граѓанска држава туку се оди на градење дво национална држава, каде што другите не се многу битни. Тие не можат да се снајдат во институциите во вработувањето, тука нема шанса од Албанците да се влезе во некоја квота како Египѓанец, Ром, Влав или Србин, таа политика е само за Албанците. Реален одраз на таа ситуација во Македонија ќе биде и пописот, рече Трца“.

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Весна Бабиќ Петровски која ги сослуша присутните смета дека на средина од пописот нивното присуство на терен не е задоцнето.

Владините преставници од Агенцијата за оставрување на правата на заедниците се алката која ќе ги поврзе со надлежните институции за да се отстранат сите недоразбирања за да нема прекршување на нивните права.


{loadposition content9}