Skip to main content

Свечено одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на НOАВМ

Во Охрид одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија и Денот на Востанието 11 Октомври.

 |  Валентина Нелоска  | 
nov
nov

svecenost jubilejВо Охрид одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија и Денот на Востанието 11 Октомври. Пред голем број присутни и преживеани учесници од НОВ и почитувачи на нивната борба, за текот на значајните историски настани од овој дел на поновата историја, се осврна претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, Гоце Георгиески. Тој потсети дека родољубите и патриотите, на овој светол ден ја започнаа борбата против фашизмот и станаа дел од големата светска коалиција која заврши со победа на фашизмот и се создаде самостојна и суверена македонска држава. 11 Октомври 1941 година е логично продолжение на се револиционерно што се случувало во македонското минато низ вековите, но сега загрижува трендот што се прескокнува и запоставува борбата со која се создаде првата Македонска држава, рече Георгиески.

svecenost jubilejГрадоначалникот Александар Петрески честитајќи го големиот јубилеј на 70 години од почетокот на НОАВМ и Денот на Македонското востание 11 Октомври, им порача на сите оние кои го омаловажуваат хероизмот на учесниците во НОВ, дека нема да го дозволиме тоа. Обврзани сме државата стекната со крв да ја чуваме, никој да не ја дели, да не ја менува демократијата во тоталитарно владеење и да не ја прекројува историјата, рече Петрески.

Двата големи јубилеи од Македонската историја беа свечено одбележени со пригодна програма. Беа доделени признанија и благодарници на преживеаните учесници од НОАВМ и на голем број почитувачи и продолжувачи на нивното дело.

 

 {loadposition content9}