Skip to main content

Патот на јагулата, врзивна приказна за Дримскиот басен


На двете важни конференции кои неодамна се одржаа во Црна Гора, а се однесуваат на дримскиот басен и заштитата на езерата во басенот, беше издадена и наредба до одредени иснтитуции, да се изработи стратегија која ќе се базира на состојбата со јагулата и нејзиниот пат.

 |  Крсте Голабоски  | 
jagula
jagula


Патот на јагулата, врзивно ткиво на целокупниот Дримски басен. На двете важни конференции кои неодамна се одржаа во Подгорица Црна Гора, а се однесуваат на Дримскиот басен и заштитата на езерата во басенот, претставниците на Регионалната иницијатива за животна средина т.н РЕНА потенцираа дека станува збор за вид којшто навистина има своја специфика и секако треба да биде ставен под заштита, информира секретарот Билатерален комитет за заштита на сливот на Охридското езеро, Дејан Паноски.

PanoskiПосле презентацијата увидоа тие и увидовме и ние дека имаме една прекрасна позиција и една прекрасна приказна, која е врзивна за целокупниот дримски басен и која треба да се применува и да се икористи, а тоа е приказната за јагулата,додае Паноски.

На конференцијата беше издадена и наредба до одредени иснтитуции, да се изработи стратегија која ќе се базира на состојбата со јагулата и нејзиниот пат, вели Паноски и додава дека доколку ја искористиме таа приказна, ќе можеме да интервенираме и околу обезбедување на т.н пат на јагулата, која сега е попречен од браните, т.е хидроцентралите, додава тој.

Очекуваме на почетокот на наредната година да се слеат првите проекти. Планирано е на средбата во Тирана да се викнат и донатори кои се заинтересирани кои ќе им помогнат на државите, да почнат со имплементација на мерки во овој басен“ информира Паноски.

jaguliЗадача за изработка на стратегијата доби една меѓународна организација, која секако дека ќе ги консултира сите институции кои работат на оваа проблематика, потенцира Паноски. Во Подгорица интензивно се работеше на текстот на меморандумот за разбирање за заедничка визија кој треба да го потпишат петте држави, меморандум кој на 24.11 во Тирана конечно ќе биде потпишан.




 {loadposition content9}