Skip to main content

Некомплетни педагошки служби во училиштата

Во општина Охрид повеќето основни и средни училишта се подготвени да формираат  педагошки служби за советување на родители чии деца се проблематични во однесувањето и учењето.

 |  Валентина Нелоска  | 
ucenik
ucenik

Гимназијата со економски паралелки „Св. Климент Охридски“ и електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ имаат вработено по едно стручно лице.
Најпокриено со кадар е основното училиште „Св. Климент Охридски“ со комплетна служба, а останатите училишта имаат по еден психолог или педагог. Основните училишта „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ ги делат педагогот и психологот по пола работно време, вели Наумоска.
Покрај педагогот и психологот законодавецот предвидел вработување и на социолог. Педагошките служби ќе покриваат група од  минимум 20 родители чии деца имаат проблематично однесување или  неуспех во совладување на наставните единици. Недоаѓањето на советување во педагошките служби ќе повлекува високи парични казни за родителите и ќе  се алармираат службите при Ценатрот за социјални работи.   




{loadposition content9}