Skip to main content

Македонија слави 70 години НОВ

На денешен ден, далечната 1941 година со нападот врз Бугарскиот полициски участок во Прилеп, беше означен почетокот на организираното македонско востание против окупаторот.

 |  Мишел Наумоски  | 
spomenik NOV
spomenik NOV
Република Македонија денес го прославува можеби најзначајниот датум од својата историја, 11 Октомври, денот на кој пред 70 години нашите дедовци и прадедовци организирано се спротиставија на фашистичкиот окупатор. Сега, 70 години подоцна, прославата започнува со партиски препукувања околу тоа кој е поголем патриот во земјава, сега, 70 години подоцна, овој државен празник иако неработен ден се прославува работно. Се чини како полека да избледува она што никогаш не смее да избледи, историјата на еден огорчен народ.
За помладата генерација која сеуште не го допрела учебникот по историја, 11 Октомври далечната 1941 година е денот кога македонецот рече доста е, ова е моја земја и мој народ. На овој ден, борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, со што беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за  ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Додека во 1944та година на Првото заседание на АСНОМ беа оживотворени вековните идеали на македонецот за сопствена држава. Чествувањата по повод овој голем празник на македонската државност започнаа уште вчера. novВо рамките на одбележувањето на 70-годишнината од оруженото востание на македонскиот народ, во Прилеп, синоќа, во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, беше отворен реновираниот објект на Меморијалниот музеј „11 Октомври.“ Кон прославата се приклучи и нашата општина доделувајќи им признанија на преживеаните борци од Охридскиот регион.
За оние што сеуште не започнале да ја учат историјата има време, но дали има време за нас кои одамна сме слушнале за значењето на овој ден, но можеби никогаш вистински не сме го разбрале?


{loadposition content9}