Skip to main content

Артритисот се почесто ги напаѓа и младите

Артритисот не е шега, тоа е опасна болест со сериозни последици. Денес се одбележува Светскиот ден за борба против овој тивок убиец на коските и мускулите.

 |  Мишел Наумоски  | 
artritis
artritis
Артритисот не е шега, тоа е опасна болест со сериозни последици. Денес се одбележува Светскиот ден за борба против овој тивок убиец на коските и мускулите. Најефективната терапија за ова заболување е истовремено и најскапата, па многу пациенти во земјава не можат да си ја дозволат. Само во Македонија има над 17.000 пациенти со ревматолошки заболувања, а се почести жртви се и младите.
Денес се одбележува Светскиот ден за борба против артритисот, тивкиот убиец на коските и мускулите. Се повеќе се намалува старосната граница за појава на ревматолошките болести. Се почесто артритисот се јавува во најпродуктивните години, односно помеѓу дваесеттата и четириесеттата година. Македонија не е исклучок од светските состојби во поглед на ова опасно заболување. Се проценува дека во земјава околу 17.000 пациенти секојдневно се борат со ревматолошки заболувања. artritisНајефикасната терапија против артритисот е за жал и најскапата, со лекови кои на годишно ниво ги чинат пациентите повеќе од 8000 евра и кои се примаат само еднаш во годината.Само 50% од пациентите ја користат современата биолошка терапија, додека остатокот за жал мора да ги користат конвенционалните лекови. Но пациентите се повеќе се жалат и на недостиг од вакви лекови, кои иако се наоѓаат на позитивната листа, сепак се недостапни. Артритисот е термин кој општо се користи за група од околку стотина ревматски состојби, кои можат да ги зафатат зглобовите, мускулите, лигаментите, како и внатрешните органи. Дијагнозата се поставува врз основа на прегледи и тестови кои најчесто вклучуваат анализа на крвта и радиолошки прегледи. Црвенилото, отекувањето, зголемената температура и болките во зглобовите се вообичаени воспалителни знаци поврзани со артритисот. Рамењата и лактовите, исто така, се подложни на артритис, иако тие зглобови поретко се погодени. Основна цел на лекувањето е да се стопира воспалението на зглобовите и да се намалат болките, да се спречи настанувањето на деформации и инвалидност, и да им се овозможи колку што е можно поквалитетен живот на овие пациенти. Луѓето со ревматоиден артритис, во просек, умираат десет години порано од лицата кои не страдаат од оваа болест. Како главни виновници се сметаат токму болните, затоа што ги занемаруваат симптомите и не се јавуваат кај лекар. Не заборавајте, редовната физичка активност е најдобриот пријател на вашите коски!

{loadposition content9}