Skip to main content

Се уредуваат градските гробишта

Се средуваат граските гробишта во Охрид. Деновиве интензивно се работи на тековното одржување на влазниот дел. Многу полиња се поплочија со бекатон плочки, се поставија огромен број на ивичњаци, и хортикултурно се уредува делот кај капелата. Хортикултурно ќе се уредува и муслиманскиот дел“, вели директорот на ЈП Градски Гробишта Драган Пандески.

 |  Татјана Маленкова  | 
Gratski grobishta
Gratski grobishta
Директорот открива дека претпријатието се соочува со голем проблем поради недостаток на гробни парцели. Тој открива дека раководството испратило барања и до министрството за транспорт и врски и до локалната општината.

„Последното барање е пред два три месеци е до јавното обвинителство, односно преку Јавното обвинителство е патот по кој треба да се дојде до тие нови парцели. Законот е јасен дека сите тие парцели треба да ги купи државата и да им ги даде на користење на општината, а општината на ЈП. Сега се соочуваме со голем проблем и доаѓаме до внатрешни празнини, поради што ги затвораме патеките, корнеме дрвјата за да закрпиме до добивањето на тие гробни парцели“, додава директорот.

ЈП Градски Гробишта беше формирано точно пред 9 месеци со одлука на советот на општина Охрид. И покрај гласините во јавноста дека претпријатието се соочува со финансиски проблеми, директорот тврди дека тоа покажува позитивни резултати во работењето. Во плановите за развој на претпријетието е и изградба на крематориум, но во овој момент ова е само идеја бидејќи законот јасно наложува на колкава површина и на колку жители треба да се изгради крематориум.

{loadposition content9}