Skip to main content

Континуиран репертоар

Основната стратегија на Народниот театар од Охрид е воспоставување континуиран репертоар. Наскоро пред гладната за театар охридска публика, уште две премиери.

 |  Крсте Голабоски  | 
teatar
teatar
Тоа е стратегијата на Охридски народен театар за перодиот кој претстои, вели Горан Стојаноски, првиот човек на оваа неодамна формирана културна установа. Последниве неколку саботи, покажуваат дека интересот за театарот во градов, не се намалува, туку напротив добива на интензитет. Наскоро пред гладната за театар охридска публика, од театарот најавуваат уште две премиери. Едната ќе биде изненадување за најмладите.
teatar
„Нашата стратегија е следна, ние нема да гостуваме зошто нема фестивали во Македонија до крајот на годината, но подготвуваме уште две претстави, едната претстава ќе биде нова комедија, која очекуваме да излезе на крајот или средината на ноември, а потоа уште една детска претстава која би требало да биде прикажана за новогодишните празници или пред тоа некој ден“ вели Стојаноски.

Goran StojanoskiСтојаноски верува дека за децата, можно е да им биде посветен и еден ден од неделата во кој ќе се даваат вакви претстави, но сепак тоа зависи од фидбекот после претставата. Реално, на овој театар ова ќе биде прва детска претстава, така да од наредната година ќе направиме уште една до две детски претстави во зависност од одговорот од конкурсот во Минстерството за култура, а потоа најверојатно би имале термин исто и за деца, вели првиот човек на Охридскиот театар.

„Охридскиот народен театар, на редовните конкурси во министерството за култура за прв пат аплицираше во јуни, месец и фидбекот е во јануари, Овие претходно направени претстави се од сопоствени средства или одобрени од Министерството, но не како тетатар туку со средства од центарот, што значи дека допрва со подршка на министертството тетарот ке функционира по сите свои параметри“ објаснува Стојаноски.
teatar
Релациите со Центарот за култура се на високо ниво, вели Стојаноски и додава дека практично и да нема проблем од институцијата од која изникнаа, но дека во најскоро време потребно е да се зајакне техничката екипа, светлосниот парк, и малку да се направат уредувања на салата. Преставите остануваат да се играат во малата сала, а за една до две години се очекува и зајакнување на актерската екипа. Оваа сабота во Центарот за култура со почеток во 20 часот на репертоарот на Охридскиот народен татар, претставата Кабаре Мистериозо.


{loadposition content9}