Skip to main content

Македонскиот банкарски систем e стабилен

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов уверува, Македонските банки нема да претпрат негативни ефекти од финансиската криза во Грција.

 |  Крсте Голабоски  | 
bogov
bogov

Финансиската криза која на големо го тресе нашиот јужен сосед, го наметна прашањето, колку е стабилен нашиот банкарски систем и какви ќе бидат последиците по работењето на македонските банки? Димитар Богов, Гувернерот на НБМ, уверува дека македонските банки, не се изложени кон државен долг на најризичните земји во Еврозоната, а што е најважно не се изложени кон Грција. Парите на депонентите се пласирани во македонската економија, македонски претпријатија и кај македонски граѓани, додава тој.

„Од тој аспект не очекуваме пренесување на овие негативни ефекти кон македонските банки, а исто така Народната банка е тука, ја следи постојано ситуацијата и е подготвена во секој момент да им помогне на банките доколку за тоа има потреба иако сметаме дека ликвидноста која што ја поседуваат е одлична и може да ги задоволи сите потреби кои што би се појавиле“ охрабрува Богов.

Гувернерот додава дека иако ситуацијата во Грција е сериозна, таа е под контрола. Европските политичари ја држат под контрола, се бара решение. Богов е уверен дека до нова банкараска криза во Европа, нема да дојде.

„Моето мислење е дека најверојатно ќе заврши со некој контролиран банкрот на Грција, со големо намалување на нејзиниот долг, меѓутоа тоа ќе биде проследено со докапитализација на банките во Европа. Тоа е неопходно бидејќи европските политичари нема да дозволат развивање на нова банкараска криза“ објаснува гувернерот Богов.

Гувернерот на НБМ, уверува дека банките во земјава се стабилни, имаат одлична капитализираност и многу виоска ликвидност и додава дека одлив на капитал од македонските банки кон странство, не очекуваме.

{loadposition content9}