Skip to main content

Културното наследство не смееме да го конзервираме

Промовиран европскиот проект за интегриран пристап во управување со културното наследство.

 |  Крсте Голабоски  | 
proekt na TLER
proekt na TLER
proekt na TLERПромовиран проектот за интегриран пристап во управување со културното наследство. Преку овој проект вреден приближно, 1,5 милион евра, Општина Охрид ќе учи како да се грижи и како да управува со културното наследство.

„ Целта е поврзана со нашата стратегија која ја имаме,а тое постигнување на одржлив развој, со зачувување со валоризација на културното но и природното богатство.Денес формиравме координативно тело во ова тело ќе учествуваат сите релевантни фактори од градот поврзани со делот на културата“ вели Симоноски.

Со имплементацијата на проектните активности, денес беа запознаени речиси сите инволвирани субејкти. Директорката на НУ „Завод и Музеј“ ,Тања Паскали Бунташеска, ги поздрави напорите на општината да го добие овој проект и информира дека менаџмент планот кој го изработил тимот од музејот, а се однесува на заштитата на Охрид од страна на УНЕСКО, многу ќе помогне во имплементацијата на овој проект, и покрај веќе направената штета културното наследство во регионов.

proekt na TLER„Тој менаџмент план кој ние го изработивме, во голема мерка ќе помогне за изработката на овој менаџмент план што треба да се прави од повеќе аспекти за заштита на културното наследство во Охрид. Во еден долг период од 5,6, членовите од законот за заштите не функционираа. Во периодот од 1999-2005 година најдоговорно тврдам дека се уништи најголемиот дел од културното наследство, тогаш нашите служби даваа само мислење кое не беше обврзувачко, за останатите кои ги издаваа одобренијата за градба“ објаснува Бунташеска.

Експертите од областа на туризмот велат дека Охрид заслужува еден ваков план но, дека сега е важно тој вистински да се спроведе, и на прав начин да добиеме акциони планови кои пак утре ќе имаат вредност и ќе бидат соодветно имплементирани. Деканот на ФТУ, Сашо Коруноски, со став дека ако во нив се зацрта дека во старото градско јадро треба да се одвиваат одредени активности, тогаш општината преку своите тела тоа треба и да го спроведе.
„Јасно е дека Охрид има проблеми. Секој град кој има културно наследство има проблеми. Венеција е носител на проектот, Венеција верувајте има повеќе проблеми од Охрид.Искуствата треба да ги споделиме сите и како да излеземе од оној магичен круг кој значи бизнис профит и заштита. Затоа е и одржлив. Ние не го конзервираме наследството туку треба да го употребиме за развој“ кажува Коруноски.
Во реализацијата на проектот учествуваат седум европски градови при што водечки партнер е градот Венеција Италија вредноста на проектот е 1.300-400  илјади евра, додека општина Охрид во него учествува со осумдесетина илјади евра.





{loadposition content9}