Skip to main content

Заедно во борба против гладта

Недела на хуманост по повод Светскиот ден за борба против гладта. Под мотото „Помислете и на нас“, почнувајќи од вчера, па се до 22ри Октомври, организаторот на оваа хумана акција, Црвениот крст од Охрид, собира донации за да им се помогне на околу 200 социјално најзагрозени семејства од реонот на Охрид и Дебрца.

 |  Мишел Наумоски  | 
crven krst
crven krst

Започна одбележувањето на Неделата на гладта по повод светскиот ден за борба против гладта 16ти Октомври. Волонтерите на Црвениот крст од Охрид од вчера па се до 22ри Октомври ќе собираат донации со цел да им се помогне на социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца. За оваа цел, Црвениот крст ја обезбедил соработката со рестораните во градов кои во текот на оваа недела ќе издвојуваат 10% од својата заработувачка како свој придонес во оваа акција. Со собраните средства ќе се купат прехранбени артикли кои ќе бидат вклучени во хуманитарните пакети.

„И оваа година очекуваме успешна кампања, да собереме околу 200 хуманитарни пакети што значи околу 200 семејства ќе бидат опфатени со оваа кампања. Верувајте дека бројот е поголем, затоа што гладот дури и во 21от век сеуште е најекстремната форма на сиромаштија. Ако зборуваме во светски рамки над 800 милиони луѓе во светот гладуваат и сеуште гладта е присутна и во нашиот град и во Охрид и Дебрца местата кои што Црвен крст ги покрива, а најчестите причини за тоа се смета дека се високите цени на прехрамбените артикли, малите лични примања, невработеноста итн.“-вели Мимоза Ставрева-Координатор за организационо-стручни работи-Црвен крст-Охрид

Во акцијата се вклучени и локалните маркети кои ќе донираат дел од своите прехранбени артикли кои ќе бидат вклучени во хуманитарните пакети. Покрај донациите на корпоративниот сектор, Црвениот крст од Охрид има изработено и вредносни бонови за оваа намена.

Aneta Jovanovska„Ова се вредносните бонови кои се 20 денари и кои секој наш граѓанин може да ги купи од волонтерите кои се низ нашиот град. Со тоа ќе донира средства за изготвување на тие социјални пакети кои содржат основни намирници како би се прехранило едно семејство некаде отприлика околу месец дена.“-додава Анета Јованоска-Координатор за административно-технички работи.

Во глобални рамки, гладта и натаму претставува една од најчестите причини за смрт, пред се во најпогодените африкански земји, земјите од Средна Америка, како и делови од Азија. Имено во светот, на секои 3,6 секунди згаснува по еден живот како резултат на екстремна сиромаштија. Иако не толку изразено, сиромаштијата е присутна и кај нас. Во нашата општина, според податоците од Центарот за социјални грижи има околу 1400 социјално загрозени семејства дали по основ на социјална парична помош, сместување во згрижувачки семејства, постојана парична помош, парична помош за деца без родители или парични надоместоци за издржување на друго лице.

{loadposition content9}