Skip to main content

Штрајк во „ЈП Нискоградба“

Денеска е активиран штрајкот во ЈП „Ниско градба“. Причина за истиот се неисплатените плати за месец август и септември. Од штрајкувачкиот одбор велат дека до раководниот тим на ЈП уредно доставиле предупредување за штрајк, дека ќе го активираат, доколку не им се исплатат заостанатите плати. 

 |  Татјана Маленкова  | 
niskogradba
нискоградба
Vlado CvetkovskiДенеска е активиран штрајкот во ЈП „Ниско градба“. Причина за истиот се неисплатените плати за месец август и септември. Од штрајкувачкиот одбор велат дека до раководниот тим на ЈП уредно доставиле предупредување за штрајк, дека ќе го активираат, доколку не им се исплатат заостанатите плати.  

„Бидејќи еден дел од нашите барања беа исполнети, поточно неодамна ни беше исплатена плата за месец јули, штрајкот го ставивме во мирување и постигнавме договор дека нема да штрајкуваме до 14.10, но за тој период да ни биде исплатена платата за август. Бидејќи ова барање не ни се исполна  од денеска повторно го активираме штрајкот“, велат од штрајкувачкиот одбор на ЈП.

Дека штрајкот е законски потврди и директорот на ЈП „Ниско Градба“, Владо Цветкоски.  Тој додава дека вработените протестираат според склучениот колективен договор потпишан од двете страни.
Цветкоски истакна дека Јп постои само година и три месеци дека за овој период фирмата работи со позитивно салдо. Но сепак додаде тој незначи дека немаат проблеми.

Vlado Cvetkovski„ Проблеми има од едноставна причина што имаме недостаток на обртни средства. Недостатокот произлегува што е блокирано МЈП „Проаква“ – Струга. Веројатно сте запознаени поради неисплатени даноци на добивка, така барем ми пренесе директорот сабајлево, така да не се во можност обврската кон нас да ја подмират.  Исклучиво од тие причини имаше закаснување со платата. Вакво доцнење имавме и претходните месеци“, истакна директор ЈП „Ниско градба, Владо Цветкоски.

Директорот образложи дека ЈП остварува приходи од три извори и тоа од надоместокот кој го плаќаат граѓаните, од МЈП Ппроаква – Струга во делот за одржување на водоводната линија и третиот извор од буџетот на општина Охрид во делот на изведување на нови водоводни линии. Цветкоски признава дека неколку месеци наназад локалната самоуправа ги покрива трошоците за плата кои неможе да ги обезбеди ЈП.

„ Ние точно е дека сме две ЈП, но имаме и меѓусебна поврзаност во делот на одржувањето на водоводната линија“, истакна Цветкоски.

Инаку августовската плата во делот за придонеси за вработените во ЈП Нискоградба била помината пред една недела. „Останува вториот дел да го реализираме со помош на градоначалникот и советот, вели директорот Цветкоски.

„ Во однос на тоа да дадам рок неможам од причини што градоначалникот приватно е отсутен и денес неможам да кажам кога ќе имаме средства за да се помине вториот дел од платата„, додаде директорот.

Додека раководството на Ниско градба крои планови како да собере пари за да ја доисплати августовкста плата, вработените се категорични дека штрајкот ќе трае се додека не ги добијат заостанатите плати. Тие уште додаваат дека раководниот тим во иднина доколку не сака да се соочува со вакви проблеми, ќе мора платата да ја исплаќа во законски утврдниот рок, поточно до 15 во месецот.  

{loadposition content9}