Skip to main content

Листа на документи потребни за обнова на право на социјална парична помош

Од Центарот за социјални работиОхрид известуваат дека од 17.10.2011 година до 02.12.2011 година ќе се одвива годишната обнова на документација за корисницте на социјална парична помош.

 |   | 
doc
doc


Од Центарот за социјални работиОхрид известуваат дека од 17.10.2011 година до 02.12.2011 година ќе се одвива годишната обнова на документација за корисницте на социјална парична помош.

ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОБНОВА НА ПРАВОТО НА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ

                1.Важечка лична карта за државјанин на Република Македонија, дозвола за постојана престој на странец,лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита;

2.Потврда од Агенција за вработување за сите полнолетни лица за утврдување на нивниот статус;

3.Извод од матична книга на родените;

4.Извод од матична книга на венчаните;

5.Извод од матична книга на умрените;

6.Потврда за поседување регистрирано моторно возило(патничко моторно возило,мотор над 50 см3,комбе,автобус,камион);

7.Уверение од Управа за јавни приходи за пријавени или остварени нето приходи;

8.Потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за корисник на пензија остварена во Република Македонија или во странство;

9.Потврда за остварени приходи од плата во Република Македонија или странство;

10.Потврда од Агенција за катастар на недвижности за поседување на недвижен имот на територијата на Република Македонија ;

11.Имотен лист од Агенција за катастар на недвижности;

12.Листа за регистрирани податоци за остварен стаж од Фондот за пензиско и инвалидко осигурување,за невработено лице кое не е во евиденција во Агенција за вработување на Република Македонија;

13.Пресуда за развод на брак;

14.пресуда за определена законска издршка;

15.Потврда за редовен ученик/студент ;

                16.Трансакциска сметка .

{loadposition content9}