Skip to main content

Центарот за кардиоваскуларни болести „Св. Стефан“ се приближува до големите светски центри

Во охридскиот Кардиоваскуларен Центар   Св. Стефан денес беше извршена  ангиографија со употреба на  најсовремен апарат од областа на интервентната кардиологија. Апаратот е последен тренд на техниката и технологијата од оваа област и подобар квалитет.

 |  Валентина Нелоска  | 
angiogram
angiogram

Со примената на овој апарат се озвозможува охридската кардиолошка болница да изведува побезбедни процедури и за пациентите и за медицинскиот персонал нагласува првиот човек на оваа здравствена установа, д-р Бакрачески. Софистицираниот апарат има мала доза на зрачење, истовреме ќе се поедностават зафатите и ќе се изведуваат за пократок временски интревал, појаснува кардиологот Бакрачески.
„ Сето тоа води кон изведување на многу сложени и софистицирани процедури кои досега заради непостоење на ваков апарат не бевме во можност да ги изведуваме. Сега се озвозможува примена на нови постапки и методи кои се пракса во големите светски центри“.
Директорот  на болницата д-р Бакрачески нагласува дека со оваа опрема и едуцираниот стручен медицински кадар се  подготвени до крајот на оваа година да го реализираат отворањето  на  новиот оддел за електростимулации.

{loadposition content9}