Skip to main content

Дванаесет офицери на езерската полиција обучени за операции со мали чамци

Дванаесет офицери на езерската полиција обучени за операции со мали чамци. Дипломите за завршен напреден курс за операции со мали чамци им ги врачи американскиот амбасадор Филип Рикер.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Filip Riker
Филип Рикер
Дванаесет офицери на езерската полиција, што работи во состав на македонската гранична полиција се обучени за операции со мали чамци. Во  изминатите две седмици  четворица инструктори интензивно работеа со нив пренесувајќи им ги своите знаења и искуства. Дипломите за завршен напреден курс им ги врачи американскиот амбасадор Филип Рикер.

ezerska policijaДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, се заблагодари на помошта што американската влада и ја дава на Република Македонија на полето на безбедноста и одбраната.

Обуката беше финансирана од Владата на Сад, а реализирана преку Американската меѓународна програма за контрола на извозот и гранична безбедност.

 

{loadposition content9}