Skip to main content

Рекации од кабинетот на Петрески

На прес конференција се огласија портпаролот на градоначалникот и претседателот на совет.

 |  Валентина Нелоска  | 
DUP
DUP
На прес конференција се огласија портпаролот на градоначалникот и претседателот на совет.

Причина поднесувањето кривични пријави против градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид од страна на Министерството за транспорт и врски за изгласувањето на ДУП за 8 урбана заедница.
Кривичната пријава против градоначалникот Петрески ја толкуваме како обид на централната власт за заплашување на локалната. Истовремено и како порака до советниците и граѓаните на Охрид дека јакне партизацијата на државата“, рече портпаролот во општината, Никола Маневски .Ако треба да има кривични пријави тогаш треба да ги има до Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство истакна Манески во името на градоначалникот.

opstina OhridПретседателот на општинскиот совет, Владо Чингоски цитираше член од Законот за локална самоуправа во кој стои дека советник не може да биде повикан на кривична одговорност и да биде притворен за искажано мислење или гласање на седница. Тоа доволно кажува дека со кривичната пријава сака да се постигне притисок врз советниците да гласаат онака како што сака централната власт, изјави Чингоски. Објасни дека во изгласувањето на Одлуката за деталниот урбанистички план за 8- та урбана заедница, гласале мнозинството советници, а врз претходно донесениот Генерален Урбанистички План.
Чингоски објасни дека на 21 октомври министерството за транспорт и врски испратило известување по пошта со кое што се огласува за ништовна претходно дадената согласност од министерството, а по барање од Управата за заштита на културните споменици. Според него, пратката не е добиена навреме ,туку е добиена на 25 октомври, еден ден по одржувањето на седницата“ вели Чингоски. Најави дека членовите на општинскиот совет наскоро треба да излезат на прес-конфренција.

 

{loadposition content9}