Skip to main content

Н.П. „Галичица“ го бара одземениот дел од комплексот Св. Наум

Тезги, расфрлано ѓубре и чад од скара е првата слика на посетителите пред влезот на манастирскиот комплекс Св Наум.

 |  Валентина Нелоска  | 
Sv.Naum
Св.Нaум
Тезги, расфрлано ѓубре и чад од скара е првата слика на посетителите пред влезот на манастирскиот комплекс Св Наум.  

Наместо рајско место, просторот сега  наликува на панаѓур. Тоа е причината што НП „ Галичица “ бара да му се врати одземениот  дел од  комплексот Св Наум од страна на екс Владата. Во 2006 година, со решение на тогашната Влада на заминување, дел од  просторот  е одземен од владение на паркот. Пред неколку месеци од установата испратиле  барање до Владата за да им се врати  одземениот дел.

Зоран Ангелоски, дирeкторот на НП „Галичица“ вели дека  изготвиле идеен проект и го доставиле до Владата. Во меѓувреме добиле согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање за враќање на одземениот простор. Портпаролот на Владата Шефик Дураки за ТВМ потврди  дека Владата  барањето ќе го разгледува и се очекува скоро да донесе решение за овој случај.    

Sv.NaumВо моментов НП „Галичица“ менаџира само со малото острово. По позитивниот одговор од Владата на нивното барање, и враќањето на просторот во владение велат дека ќе ќе ја снема грдата слика. Ќе распишат тендер за уредување на комлексот кој сега преставува  срам за градот и земјата. Нивна цел ќе биде комплексот да биде наша гордост.

Инаку, НП „Галичица“ со Факултетот за туризам и угостителство изработуваат студија со која ќе докажат дека комплексот Св. Наум е најпосетуваното место не само во Охрид, туку и во земјава.

 

{loadposition content9}