Skip to main content

Лајонс клубот „Охрид“ ќе избира Топ 10

Лајонс клубот Охрид започна со реализација на својот најнов проект„Топ 10“. Станува збор за проект со кој се опфатени 125 ученици од 5 основни училишта во градов.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Lions logo
Лајонс лого
Лајонс клубот Охрид започна со реализација на својот најнов проект„Топ 10“. Станува збор за проект со кој се опфатени 125 ученици од 5 основни училишта во градов. Со реализација на проектот се отпочна минатиот викенд, кога избраните основци беа тестирани по повеќе предмети:македонски јазик, математика, англиски јазик и информатика. „Вакви тестирања ќе се прават во четири циклуси, за на крај да се изберат најдобрите за кои Лајонс клубот има подготвено богати награди и стипендии“ – вели проектниот менаџер, Драган Спасески – Охридски и додава „Целта ни е да го спречиме одлевањето на „умовите“ од градов, од земјава“

Lions clubВо своето двегодишно работење Лајонс клубот „Охрид“ има успешно реализирано голем број проекти. Како што потенцираат членовите на овој клуб, и понатаму приоритет ќе имаат децата особено учениците кои имаат капацитет. „За талентираните ученици потребен е само мал, позитивен стимул, кој проектот „Топ 10“ ќе го даде “ – истакнува Павел Попоски, претседателот на Лајонс клубот „Охрид“.

Главната девиза на лајонизмот е „Ние служиме“. Охридските лавови  и понатаму ќе се залагаат да помогнат онаму каде е најпотребно и апелираат до сите кои се во финансиска можност да им помогнат на хуманитарните организации.

 

{loadposition content9}