Skip to main content

Охрид домаќин на меѓународна бискупска конференција

На пленарна седница бискупите од регинов разговараа на тема „Католичкото семејство на просторите во дијаспората“.

 |  Валентина Нелоска  | 
Krst
Крст
На пленарна седница бискупите од регинов разговараа на тема „Католичкото семејство на просторите во дијаспората“.

Беше  разгледувана досегашната работа на меѓународната бискупска конференција ,а беа предложени и нови проекти.Бискупите покрај средбата со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Звонко Муцунски  се сретнаа и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Монсињор Киро Стојанов истакна дека со министерот разговарале за актуелни прашања поврзани со ситуацијата во регионот. Станало збор и за односите на Македонската Влада со Светата Столица и католичката црква внатре во Македонија. Биле допрени и прашањата за интеграцијата на земјава во ЕУ и Нато , а станало збор и за Екуменизмот на овие простори.

Katolicka crkvaМонсињор Киро Стојанов, скопскиот бискуп истакна дека експертите заклучиле дека Р. Македонија има  донесено еден од најдобрите Закони за цркви , верски заедници и религиозни групи,кој стапи на сила од 1 мај.
Белградскиот надбискуп , монсињор  Станислав Хочевар ја истакна желбата папата да ги посети овие простори.
Папата Бенедикт 16 до  Меѓународната бискупска конференција  упатил и специјален поздрав. Во црквата  Св.Кирил и Методиј во сослужение на сите бискупи беше одржана Свечена Архиерејска литургија предводена од монсињор Хочевар.

 

{loadposition content9}