Skip to main content

„Богојавление Водици 2009“ ги доби новите кумови

Традиционално, на денешниот голем христијански празник Пречиста избрани новите кумови на манифестацијата  „Богојавление Водици 2009“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Bogojavlenie
Богојавление
Традиционално, на денешниот голем христијански празник Пречиста избрани новите кумови на манифестацијата  „Богојавление Водици 2009“.  

Христијан Шапкар, еден од сопствениците на компанијата АМАК-СП, Олег Маленко, од туристичката агенција „Вис пој“ и Борис Маркулески, сопственик и менаџер на хотелот „Тино“  се  новите кумови на  манифестација „Богојавление Водици 2009“. Ова е одлука на Управниот одбор на Здружението „Богојавление“. Новите кумови не го кријеа задоволството што токму тие се избрани за да ја извршуваат оваа света должност.

„Му се заблагодарувам на здружението „Богојавление“  што ја поддржа нашата кандидатура. Сведоци сме дека  секоја година манифестацијата добива на масовност и квалитет, а ние ќе се потрудиме да овозможиме  уште поголем квалитет“, изјави Христијан Шапкар, еден од новоизбраните кумови.

„Ќе бидеме  вистински кумови на Охрид“, додаде Олег Маленко, а Борис Маркулески дополни дека  оваа кандидатура за кумството, тројцата другари ја подготвувале веќе подолго време.

kumoviКумството ќе им биде предадено на 17 јануари идната година. Новите кумови се избрани во конкуренција на  9 кандидатури од различни градови во државава.
Претседателот на здружението Богојавление, Љупчо Арнаудов вети  воведување новини со кои ќе биде збогатена манифестација, а во културноуметничкиот дел го најави учеството на Александар Белов од операција Триумф.

Инаку новите кумови денеска ги поздрави и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој рече дека оваа манифестација веќе е препознатлив знак за Охрид и причина повеќе за доаѓање на голем број гости во градов во овој дел од годината.
Оваа голема верска манифестација ќе се одржи по шести пат .Светиот крст  на 19 јануари 2009 година ќе се фрла од охридското пристаниште. На среќниот фаќач и оваа година ќе му биде подарена златна реплика од светиот крст вредна 3 500 евра.

 

 

{loadposition content9}