Skip to main content

Илегалната емигарција и криминалот главни причини за шенгенскиот зид

Пред земјите на Западен Балкан е поставен  Шенгенскиот зид, а Македонија е лидер во спроведување на реформите и во исполнувањето на критериумите за визна либерализација.

 |  Валентина Нелоска  | 
MARRI
МАРРИ
Пред земјите на Западен Балкан е поставен  Шенгенскиот зид, а Македонија е лидер во спроведување на реформите и во исполнувањето на критериумите за визна либерализација.

Затоа и очекуваме  наскоро да допатува експертски тим на европската комисија до крајот на годинава на која ќе биде прецизиран датум за укинување на визите. Ова го истакна заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, на регионалниот форум на шесте земји членки  на МАРРИ иницијативата, за справување со проблемите со миграции што се одржува во Охрид.

MARRIЧленките на  МАРРИ  иницијативата треба да придонесат за подобра комуникација на земјите од регионот. Со што ќе се спречи нелегалната емиграција заради која Европската унија сеуште не ја одстранува шенгенската завеса.

Трпе Стојаноски, директор на МАРРИ истакна дека допрва треба да ги учиме начините на кои Европскат унија бара да се имплеметираат, и да се подигне свеста во државните институции и нелегалната емигарција која е важен критериум за  либерализацијата на визниот режим.  Учесниците на форумот од  регионов истакнаа дека едно од најтешките прашања кои остануваат и понатака, а на кои ЕУ инсистира да се надминат е проблемот со бегалците. Тие сеуште  не можат да се вратат дома  по виорот на војната кој ја зафати поранешна Југославија. Инаку Македонија е претседавач со  МАРРИ иницијативата, а учествуваат БиХ, Србија, Црна Гора, Хрватска и  Албанија преставници од Европската комисија и земји членки на Европската Унија.

 

 

{loadposition content9}