Skip to main content

Меѓународен ден на волонтерите

Волонтерството е сила која креира, мотивира и развива, вели претседателот на Црвен крст од Охрид. Од ангажираноста на волонтерите зависи успешноста на нашата организација, додава тој.

 |  Лионела Jаковлева  | 
volonteri
волонтери
Волонтерството е сила која креира, мотивира и развива, вели претседателот на Црвен крст од Охрид. Од ангажираноста на волонтерите зависи успешноста на нашата организација, додава тој.

Меѓународниот ден на волонтеризмот одбележан во Охрид. Црвениот крст по тој повод ја презентира Стратегијата за волонтерство од 2008 до 2012. Во неа можат да се добијат многу информации околу правата и обврските на волонтерите. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков вели дека волонтерството е сила која креира, мотивира и развива.

Во охридската организација на Црвениот крст  има 1120 волонтери од кои 870 се активни. Тие се на различна возраст и се инволвирани во сите сегменти на делување на оваа организација.

volonteriГолем е бројот и на младите луѓе кои се подготвени безрезервно да им помогнат на оние на кои што тоа им е неопходно. Mарјан Jосифоски e еден од нив. Тој вели дека се одлучил да биде волонтер на оваа организација бидејќи имал тешко детство па сега сака да им помогне на оние деца кои ја доживуваат неговата судбина.

Инаку во РМ според податоците од 2006 год. има 5000 волонтери од кои 3700 се активни. На светско ниво има 130 милиони волонтери, а оваа бројка секојдневно расте.

 

 

{loadposition content9}