Промовирана едицијата„ Црните страници на Удба“
Промовирана едицијата „Црните страници на Удба“.
На 13.500 старници е промовирана едицијата на документи со наслов „Црните страници на УДБА“. Едицијата го опфаќа периодот на делување на тајните служби врз поединци па дури и цели семејства кои имале идеи за независна и обединета Македонија во периодот од 1945 до 1990 , па и до 2000 година. Во државниот архив има 15.000 досиеја, а се објавени 202 досиеја. Има и еден дел од лустрираните кои се занимавале со уништување на туѓи животи, посочува директорот на Државниот архив Филип Петровски
„Наша иницијатива е еднострана. Она што го објавивме е само почеток и претпоставуваме кога ќе ги надополниме со лични сведоштва и искуства или документи кои ги немаме. Добар дел од нив се уништени. Ние ќе ја имаме потполната слика ова не е целосна слика ова е само еден аспект кој бил субјективен пристап од оперативци кои пишувале и глупсоти за да се оправдаат пред надлежните. Непледираме на универзална вистина туку создаваме материјал кој треба да се истражува и преоценува. Но ако не го објавевме постоеше шанса да е уништено како најмалку 120.000 досиеја “, кажа на промоцијата Петровски.
Петровски посочи еден податок дека во 1965 год. највисока државна комисија утврдила дека тајната служба имала евиденција за 137.000 луѓе, а во државниот архив се чуваат само 15.000 досиеја. Оваа документација ќе е поле за научни истражувања, напомена Петровски. Едицијата е издадена од Државниот архив на РМ под раководство на директорот на државниот архив д-р Филип Петровски и неговиот тим. Едицијата е дел од комплет составен од 16 книги во девет тома и ќе се продав по цена од 15 000 ден.