Skip to main content

Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали

Искршени клупи, рипстолите и другите реквизити кои се наоѓале во дворот на основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец. Ова не е прв пат училиштето да биде цел на вандалски испади. Директорката бара Локалната да преземе мерки и да ангажира чуварска служба или да постави видео надзор.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали. Искршени се клупите во дворот, рипстолите и другите реквизити кои учениците ги користат за рекреација кога се на одмор или пак на часовите по физичко воспитување. Директорката вели дека проблем е што училишниот двор не е заштитен па несовесни граѓани во вечерните часови влегуваат и кршат и уништуваат.

Имаме покренато иницијатива за да ангажираме чуварска служба или да поставиме видео надзор. Ништо мора да преземиме бидејќи ова не е прв пат да ни се уништуваат реквизитите. Вршиме често поправки, но несовесни граѓани пак ги уништуваат, вели Жаклина Трипунова -директорка на ОУ „Ванчо Николески“ .

Од Локаланата кажуваат дека кај нив не бил пријавен овој проблем и дека ќе се информираат за што точно станува збор. Додаваат дека вакви вандалски испади се забележани и во другите училишта во општинава.


Во однос на вашето прашање за обезбедување на училишните објекти, ве информираме дека, Општина Охрид во својата програма има предвидено финансиски средства за набавка на видео надзор. Потсетуваме дека некои училишта веќе имаат обезбедно ваква опрема. Доколку се јави потреба, Општина Охрид ќе реагира на
соодветен начин и во други училишта. Се надеваме дека ова е изолиран случај, но доколку се повтори покрај координацијата со СВР Охрид, ќе бидат преземени и други мерки ( поставување на видео надзор) за поефикасно обезбедување на
училишните објекти.

Неодамна цел на вандалски напад беше ОУ „Григор Прличев“ кога беа запалени клупи, столчиња, канти за ѓубре, изработени од дрво кои служеле учениците да можат за време на одморите да седнат. Настрадаа и дрвените клупи кои беа изработени за училницата во природа. Директорката Силвија Мојсоска револтирана од ваквиот чин рече дека се надева оти во иднина ќе биде поставена чуварска служба која ќе внимава во ноќните часови на училиштето, со цел да се избегне собирањето и дивеењето на неколку хулигани во градов, кои се настроени да го уништуваат општото добро.