Skip to main content

Во Охрид нема појави на грип

Зимскиот период и раната пролетт се најчестиот период кога се појавуваат  епидемиите на грип.

 |  Валентина Нелоска  | 
Infektivno oddelenie
Инфективно одделение
Зимскиот период и раната пролетт се најчестиот период кога се појавуваат  епидемиите на грип.

На терен ситуацијата се прати секојдневно вели д–р Атанско Михаилов и смирува за моменталната ситуација. Додава дека досега во охридскиот Завод  за здравствена заштита нема ниту една пријава за грип. Настинки имало и ќе има во овој  период вели д-р Михаилов.

vakcinacijaВо  Заводот за здравствена заштита ниту минатата година немало голем број пријави на грип. Според  д-р Михаилов  тоа се должи на  е големата иунизација  населението. Во октомври  минатата година  голем бројот  Охриѓани покажале интерес  за имунизација. Со вакцина против грипп се заштитиле околу  2300 граѓани.

Инаку, од Светскиот Центар  за контрола на болести, кој го одредува  типот на вакцината, за оваа  сезона  се претпоставува дека ќе циркулираат вирусите АХ1Н1 И ХЗН2 и типот Б.

 

 

{loadposition content9}