Skip to main content

Извршено примопредавањето на кумството за Водици

Новите кумови: Олег Маленко, Борис Маркулески и Христијан Шапкар најавија достоинствено и годинава- најмасовно одбележување на големиот верски празник.

 |  Тања Кувенџиска  | 
sveti leb
свети леб
Новите кумови: Олег Маленко, Борис Маркулески и Христијан Шапкар најавија достоинствено и годинава- најмасовно одбележување на големиот верски празник.

Во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици.
Новите кумови Борис Маркулески, Олег Маленко и Христијан Шапкар се заблагодарија за укажаната чест. По повод одбележувањето на големиот весрки празник, во понеделник, најавија вистински спектакл.
Како што истакна Борис Маркулески, еден од кумовите на манифестацијата, направено е се за манифестацијата да биде што помасовна.
Годинава покажан е најголем, до сега, интерес за скокање по светиот крст во водите на Охридското езеро. Се очекува рекорден број заинтересирани капачи.

kumovi„ До денес пријавени се 450 кандидати кои ќе скокаат по светиот крст. Акo пријавувањето продолжи со досегашното темпо, очекуваме до понеделник вкупниот број на пријавени да е околу 1.000, вели Олег Маленко, кум на манифестацијата.

Организаторите најавуваат и неколку новини во одбележувањето на Богојавление- Водици. „ Поради големиот број гости кои присуствуваат на манифестацијата, годинава за прв пат , светиот крст во водите на езерото ќе се фрла од бродот Галеб, рече Љупчо Арнаудов, претседател на „ Богојавление“ .

Светиот крст во водите на езерото ќе се фрла во 10 часот. Се очекува најавениот спектакл да го проследат над 20.000 гости.
На среќниот фаќач и оваа година ќе му биде подарена златна реплика од светиот крст вредна 3. 500 евра.

 

 

 

{loadposition content9}