За прв пат кај нас се презентирани светските стандарди за одржлив туризам
За прв пат кај нас се презентирани светските стандарди за одржлив туризам. Од Светскиот совет за одржлив туризам ќе ги слушнат размислувањата и можностите на туристичките чинители од регинот. По проценките ќе следуваат препораките за насоки во водењето на туристичкиот бизнис.
Туристичките субјекти се запознаа со стандардите за одржлив туризам. За прв пат во земјава се презентираат стандарди кои се однесуваат на економската, еколошката и социолошката одржливост на една дестинација, но и на приватните чинители и јавните институции. Денес ќе ги претставиме стандардите и ќе идентификуваме во која насока нашата дестинација да стане одржлива, информира Елена Иванова од Свис контакт, швајцарската агенција за развој и соработка. Советот за одржлив туризам има развиено 42 критериуми според кој една дестинација може да биде одржлива, укажува Елена Иванова ИМЕ Програма Свис контакт.
„ Тие критиериуми се однесуваат на природата и човекот. Според нив природата и човекот не смее да се повредуваат. Во ниеден случај не може да се зборува за туризам ако економски тој не е одржлив. Стандардите кажуваат дестинацијата која профитира од туризмот дали ќе продолжи да вложува во природата и луѓето додека се случува туризам “, подвлекуав Иванова.
На денешната средба со различни претставници од туристичкиот сектор сакаме да го слушнеме мислењето за нивните предизвици и можности. Подоцна ќе ги комбинираме нивоата на можности и ќе предложиме некои правци за туризмот во Охрид, порача Михи Канг консултант од Светскиот совет за одржлив развој.
„ Некои субјекти од туризмот можеби имаат своја стратегија и критериуми. Ние ќе предложиме кој вид на правци треба да ги преземат.Тоа ќе е процес кој треба да се постигне не може веднаш. Ќе предложиме каде да се стави прво приоритет,“ напоменува Канг.
Во следниве два дена ќе се прави проценка на дестинацијата за да се согледа реалната позиција. Следуваат препораки за насоки во туристичкиот развој. Светската организација за туризам од 2005 година иам изработено стандардите за одржлив туризам, а од 2009 година пак Советот за одржлив туризам има развиено критериуми според кои треба да се води туристичкиот бизнис или дестинацијата.