Skip to main content

Ѓорги Трпчески останува претседател на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца

Ѓорги Трпчески и понатаму останува претседател на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. По едномесечните избори на кои учествуваа околу 800 делегати повторно го избраа досегашниот вршител на оваа функција. Од здружението велат дека овие избори биле транспарентни и организирани на највисоко ниво.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ѓорги Трпчески останува претседател на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца и на Извршниот одбор. По едномесечните избори на кои учествуваа околу 800 делегати повторно го избраа досегашниот вршител на оваа функција. За негов заменик избран е Живко Наумоски, а за секретар на Собранието и Извршниот одбор Стефан Владимиров. Претседател на Собранието и во наредните четири години ќе биде Димитар Спасески, а негов заменик Бране Ногачески. За членови на Собранието во СЗПМ од охридското здружение се избрани Ристо Трајкоски и Ружа Балеска, додека управител на Клубот на пензионерите ќе биде Борис Недески.

Се одржа една седница достоинствена и немаше забелешки на она што го спроведовме. Овие избори беа транспарентни и организирани на највисоко ниво, беа преставени програми, планови и визиии во кој правец ќе се движи здружението, рече Трпчески.

Трпчески вели дека тие и понатаму ќе се залагаат за остварување на правата на пензионерите земајќи ги во предвид законите и зконските измени, а и понатаму приоритет им останува изградбата на дом за стари лица.

Имаме потпишано меморандуми и со општина Охрид и со Општина Дебрца. Останува да видиме сега кој ќе е новиот градоначалник и каква ќе ни биде соработката со него па да дадеме напори да ги реализираме овие значајни проекти, вели Трпчески.

Новиот мандат на старо-новото раководство на Здружението на пензионери ќе трае 4 години, односно до 2023 година.