Skip to main content

ОУ „Дебрца“ домаќин на проектот „Play2adapt“ од „Еразмус +“ програмата

Просветни работници од Грција, Турција, Шпанија и Португалија, учесници во проектот play2adapt од Еразмус + програмата, учестваат на втората мобилност, чиј домаќин е основното училиште Дебрца.

 |   | 

Основоното училиште „Дебрца“ домаќин на проектот од програматга „Erasmus +“ насловен како „Play2adapt“. Деновиве Просветни работници од Грција, Турција, Шпанија и Португалија, учестваа на втората мобилност од проектот и имаа можност да се запознаат со образовниот процес кај нас, но и да реализират голем број на активности, за адаптација на маргинализираните групи на ученици во училиштата, истакна Соња Гаврилоска Љулкова, професор по Англиски јазик од ОУ „Дебрца“.

„Значи во самиот проект ги имаме осмислено тие активности, преку кои се реализира таа адаптација на маргилизираните групи, а најважно нешто е како децата преку игра се сплотуваат и функционираат заедно во простор каде не постојат ни јазични ни било какви други бариери“ кажа Соња Гаврилоска Љулкова – професор по Англиски јазик од ОУ „Дебрца“.

Просветните работници кои ги претставија преостанатите земји ученсички во проектот, воодушевени од убавините на Дебрца и Охрид, велат дека и покрај разликите во образовниот процес, сепак ваквите проекти се од големо значење за учениците,бидејќи им помагаат на децата да ги прифатат различностите.

„Ваквиот вид на проекти, посебно оние од програмата „Еразмус“ се од огромно значење во образованието бидјеќи ја претставуваат основната вредност на размената на искуства во образованието помеѓу различните земји и се начин за промоција на вредностите и културата на земјите учеснички“.

„Овие средби се многу интересни бидејќи на сите учесници во реализацијата на проектот, ученици, професори им овозможуваат да ги препознаат и разберат различните системи на образование и да ги применат стекнатите позитивни искуства во своите земји.Пресреќни сме од посетата на вашата земја, на Охрид и сме презадоволни од покажаното гостопримство и топлината на домаќините.

„Мислам дека ова е многу добар проект за нашите ученици, бидејќи запознаваат нови пријатели, се запознаваат со нови култури, и што е најважно како да ги прифатат децата од маргинализираните групи во својот живот.

„Прво, морам да кажам дека мојот прв впечаток за вашата земја е дека сте многу добар и гостопримлив народ, се чувстува вашата топлина, се заблагодарувам на гостопримството. Знаете ние сме од еден регион кој не е многу голем, нисе доаѓаме од Анадолија и не не делат некои големи разлики и многу сме среќни поради тоа“.

Посакувајќи им топло добредојде и убав престој во општина Дебрца и државава, гостите деновиве ги прими градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, кој ги запозна со профилот на општината, нејзините природни убавини, богатото историско, културно и археолошко наследство, по кои општината не случајно е дел од светското природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО.