Skip to main content

Вредна донација на охридските ротаријанци за ОУ „Христо Узунов“

Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.

 |   | 

Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.

Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето.

Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовни потреби, односно донирана беше таква опремата од која што училиштето имаше потреба и која е наменета и посебно прилагодена токму за овие деца, се со цел да може да придонесе во нивното полесно и побрзо совладување на образовниот материјал.

Оваа донација е трета во низата на донации од годишната програма на Ротари Клубот Охрид која е посветена на помагање на институции и организации кои работат со деца со посебни интелектуални, физички и образовни потреби во нашиот град и околината.

Ротари Клубот Охрид како и до сега преку значајните инфраструктурни и техничко-функционалните донации во детското одделение при Општата Болница во Охрид, преку донацијата на целосен Скејт парк во нашиот град, инфраструктуро- техничките и функционално-естетските донаци во детските градинки низ нашата Општина и останатите проекти прави напори за да придонесе во успешна интеграција на разни групи во нашата заедница и целокупно општество, како и преку активното учество во борбата за искоренување на полиото во светски рамки преку имунизација, така и од сега посветено ќе работи на реализација на функционални и самоодржливи проекти во духот на хуманите Ротаријански принципи.