Skip to main content

Општина Охрид една од општините која доби пари за рурален развој

Преку Програмата за рурален развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, од буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени се финансиски средства од околу 38 милиони евра, за реализација на 202 проекти во сите општини и плански региони.

 |   | 

Со овие средства директно ќе се овозможи подобрување на условите за живот во малите општини и руралните средини.

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, доделија решенија од Програмата за рурален развој на дел од општините и планските региони.

„Преку Програмата за рурален развој за општините, опфатени се сите општини и плански региони во државата, со што овозможуваме реализација на проекти со кои практично одиме чекор напред да ја направиме Северна Македонија земја без кал. Со реализација на проектите ќе се подобрат условите за живот на граѓаните во руралните средини и ќе ги доближиме условите за живот како во урбаните, градски средини. Преку реализација на 202 проекти се планира изградба и реконструкција на патишта кои поврзуваат населени места, патишта и улици во самите места, уредување на туристички дестинации и излетнички места, канализациони и водоводни системи, како и уредување на пазари во определени места“, потенцираше Анѓушев.