Skip to main content

1,2 милион и патници на аеродромите во Скопје и Охрид во првата половина од 2019 година

Преку Меѓународниот Аеродром Скопје и А еродром от Свети Апостол Павле Охрид во првите шест месеци од 2019 година патувале 1,2 милиони (1.163.667) патници, што претставува пораст од 12% во споредба со истиот период од 2018 година, соопшти ТАВ Македонија , аеродромскиот оператор. 

 |   | 

Преку Меѓународниот Аеродром Скопје и А еродром от Свети Апостол Павле Охрид во првите шест месеци од 2019 година патувале 1,2 милиони (1.163.667) патници, што претставува пораст од 12% во споредба со истиот период од 2018 година, соопшти ТАВ Македонија , аеродромскиот оператор.

Во исто време, вкупниот број летови на двата македонски аеродроми изнесува 9.792 , со годишен по раст од 8%.

– Со задоволство објавуваме дека двоцифрен ите стапки на пораст на бројот на патници на македонските аеродроми продолжува ат и во првата половина од 2019 година , кои што се повисок и од просекот на ЕУ од 5,9%. Очекуваме по растот на бројот на патници да го задржи истото темпо и да биде уште поголем во третиот и четвртиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации од скопскиот аеродром : Баден-Баден и Бремен, отворени во март, Ларнака и Турку кои ќе бид ат отворен и на крајот на јули; и шесте нови дестинации од охридскиот аеродром : Малме и Милан о , отворени во март, Дизелдорф и Штутгарт отворени минатата недела, како и Меминген и Дортмунд, кои ќе бидат отворени на кра јот на јули. Македонските аеродроми го доживуваат својот процут, с танаа меѓу најбрзорастечките аеродроми на Балканот и во Европа, и навистина ни е мило што се пр епознаени од граѓаните на соседните земји, кои редовно ги користат за нивните патувањ а . Ќе продолжиме да работиме на развој от на македонските аеродроми , со цел да г и трансформираме во главни регионални центри за воздушен сообраќај , изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Меѓународниот Аеродром Скопје во моментов опслужува 42 дестинации, од кои 33 се нискобуџетни, управувани од 13 авиокомпании, додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужува 20 дестинации, од кои 8 се редовни рути во текот на целата година но и нискобуџетни во исто време, од 13 авиокомпании.

Детални информации за летниот распоред на лет ање од аеродромот во Скопје се достапни на веб-страницата на аеродромот на следниов линк: https://urlzs.com/htrn4 , додека детални информации за распоредот на летови од Охридскиот аеродром има на веб-ст раница та на овој аеродром , на следниот линк: https://bit.ly/2LGOsB9

Според уделот во патничкиот сообраќај, од јануари до јуни 2019 година, Истанбул (и двата аеродроми – Истанбул и Сабиха Гок ч ен) е нај фрекфентната дестинација на Меѓународниот А еродром Скопје со 10,1% пазарен удел, по што следуваат Цирих (6,9%), Базел (5,4%), Виена (5,4%), Малме (4,3%), Братислава (3,4%).

Во однос на удел ите на авиокомпани ите во вкупниот патнички сообраќај, Виз ер превезе најголем број патници во првите 6 месеци и има 65,1% удел на пазарот, по што следуваат Туркиш ерлајнс ( 7% ), Аустријан ерлајнс (5,3%), Германија флуг (4,2%), Пега сус ерлајнс (3,4%), Кроација ерлајнс (2,9%).

Карго -сообраќајот на М еѓународниот А еродром Скопје , исто така има голем годишен пораст од 31,7% , достигнувајќи вкупн о 1 . 960 . 388 килограми , во периодот јануари-јуни 2019 година.

Ако се гледа статистиката за воздушниот сообраќај на двата аеродроми одделно, Меѓународниот А еродром Скопје во првата половина од годинава има 1.059.223 патници и зголемување од 8,5%, додека А еродромот Св. Апостол Павле Охрид има 104.444 патници и 62.9% годиш е н пораст .

Дополнително на развојот на мрежата на авиолинии и двата македонски аеродроми добија значајни признанија од нај реномираната авијациска организација во глобални рамки– Меѓународниот Совет на Аеродроми ( Airports Council International-ACI ) . Меѓународниот Аеродром Скопје во март оваа година ја освои наградата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ), како најдобар аеродром во Европа во категоријата аеродроми со помалку од 2 милиони патници годишно за 2018 година, што е четврти пат како ја добива истата награда, по ASQ – наград ите добиен и за 2012, 2013 и 2015 година, од ACI.

Истовремено, Меѓународниот Совет на А еродроми (ACI) го рангираше охридскиот аеродром како еден од првите три аеродроми во Европа според стапката на пораст на бројот на патници во првиот квартал од 2019 година, која изнесува ше 63,9%.