Skip to main content

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Старите концесионери си стопанисуваат со плажите без да плаќаат ниту денар на општината за тоа. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје. Додека на плажите се работи на црно инспекторатот не постапува. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти.

Изминатите две недели ние работевме на изготвување на документација за распишување на нов повик додека не се случи преземањето на ингеренциите под државна капа и елаборатите ни се веќе подготвени па во текот на оваа недела и почетокот на наредната повикот за тие плажи за кои имаме услови да ги издадеме ќе ги добијат, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Граѓаните се жалат дека им се наплаќа за паркинг и лежалка на плажи кои реално немаат концесија. Бараат или државата и општината што побрзо да го решат овој проблем или да се опоменат наводните сопственици да не наплаќаат за нешто за што немаат законско право. Инспекторите од општината засега не излегле на терен, а од пазарниот инспекторат немаат директни ингеренции поврзани со концесиите. Тие можат да контролираат само во делот на регистрацијата на фирми. Цветко Ристески раководителот на државниот пазарен инспекторат, подрачна единица Охрид сепак има свој став по ова прашање и смета дека не смее да се наплаќа

На граѓаните им преостанува доколку се одлучат да одат на плажа која е уредена и доколку решат да тераат правда да се расправаат со персоналот во угостителските објекти на плажите и да ги убедуваат дека како прво немаат право да поставуваат лежалки на плажите а уште помалку да наплатуваат за тоа.