Skip to main content

Каде да паркираме

Иницијативата да се создаде мини базар на некогашниот паркинг во близина на Чинарот, создаде проблем. Десеттина семејства кои имаат куќи на овој потег и кои своите автомобили ги паркирале таму, сега немаат каде да ги остават.  Директорката на  јавното претпријатие„Билјанини извори, Гордана Јованоска  им понуди можност автомобилите да ги паркираат на дел од улицата „Даме Груев“, но за  нив тоа е неприфатливо.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Иницијативата да се создаде мини базар на некогашниот паркинг во близина на Чинарот, создаде проблем. Десеттина семејства кои имаат куќи на овој потег и кои своите автомобили ги паркирале таму, сега немаат каде да ги остават. Поради тоа поднеле барање до Локалната самоуправа, и до ЈП „Билјанини извори“ кое претходно стопанисуваше со паркингот и на кое му плаќале месечен или годишен надомест за паркирање, да го решат проблемот. Директорката на ова јавно претпријатие, Гордана Јованоска денеска на средба со засегнатите граѓани им објасни дека со одлука на совет паркингот уште пред еден месец му бил доделен на ЈП Градски пазар. Сепак им понуди можност автомобилите да ги паркираат на дел од улицата „Даме Груев“.

Ние како јавно претпријатие сакаме да им излезиме во пресрет и на улицата Даме Груев која се наоѓа наспроти тој паркинг ќе им дадеме резервирани паркинзи за по едно возило за секое семејство.

Ова е привремено решение се додека не се направи паркингот кај новиот градски пазар. Но, за жителите од овој дел на градот предлогот е неприфатлив.

 Ако земиме дека на „Даме Груев“ две три куќи веќе имаат свои паркинзи ние ќе треба да ги паркираме колите на 400-500 метра од нашите домови. И тоа не е никаков начин за нас, вели Љупчо Георгиески-жител на „7ми Ноември“.

Жителите од оваа улица велат дека ќе бараат и други алтернативи за решавање на нивниот проблем. Побараа да им се даде левата страна од некогашниот паркинг кај Чинарот, но Јованоска со објаснување дека тоа е неизводливо бидејќи на тој простор ќе има тезги на кои ќе се продава и храна. Граѓаните незадоволни инсистираат на средба со градоначалникот Константин Георгиески, а и со директорката на ЈП „Градски пазар“ .