Skip to main content

Бизнис идеите на малите претприемачи од регионот стануваат реалност

Во пракса има се повеќе бизнис релации меѓу македонските и албанските прeтприемачи во скоро сите области. Очекувањата се подбар  економски  бенефит од ваквите  соработки.  

 |  Валентина Неловска  | 

Лефтерија Гаџоска претставник од Организацијата „Крушевска жена“ и нејзини колешки од Пешкопеа, Албанија подолго време се занимаваат со преработка на локални шумски производи подготвени на традиционален начин ,а сега имаат можност да развиваат бизнис со помош на фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. На пазарот пласираат крушевски локум, разни видови џемови , ликери, кори, мед, производи кои ги користат од природните ресурси кои ги имаат“, раскажува Гаџоска. Таа очекува допрва да се види бенефитот од ваква соработка со жените од Пешкопеа.

„ Овој проект ни помогна да го подобриме начинот на нашето промовирање , пред се маркетиншки и здружување со производители од нашиот калибар од Пешкопеа кои не сличен начин ги нудат своите производи“, вели Гаџоска.

Примери за бизнис соработка има и во други микропретпријатија од различни области. Едно е од нив е организирање обуки за правни совети. Тоа ќе им го олесни развивањето на бизнис проектите на претприемачите од двете земји,појаснува за нивниот пример Мартин Сопронов.

„ Ние им даваме можност на жените да развиваат бизнис идеи , да бидат преточени во фирма. Ги учиме преку правни совети на работилници како од А до Ш според нашето и албанското право да отворат бизнис. Како да го водат бизнисот , да не бидат казнувани и полесно да работат со познавање на правото“, вели Сопронов.

Фаула Хоџај од Елбасан, зборува за очекувањата во дејностите кои припаѓаат на земјоделието и занаетчиството.

Регионот ќе има бенефит иако ние сме фокусирани на жените, но и жените и мажите може да имаат корист од овој проект.Во соседството има разни изработки кои може да се подобрат со меѓусебна комуникација“, кажува Хоџај.

Фрег Јанмат, претставник на ЕУ и програмата за прекугранична соработка „ Градење на заедничка иднина“, напоменува кои се предностите за подобро искористување на придордните, вештачките и културните ресурси во пограничниот регион.

„ Ова е важно за граѓаните да го видат бенефитот од проектите.Од соработката помеѓу двете земји тоа е важно луѓето да работат заедно прекуграница за да имаат повеќе економски развој , економски вештини. На пример, во туризмот да понудат пакет договори околу езерото , бенфит да имаат од соработкатат во проекти од екологијата.Почнавме во изминативе години и ќе продолжиме и понатака“, напоменува претставникот на ЕУ.

Денес, во Охрид се одржа саем на кој беа промовирани деветте корисници на грантовите , а во кој учествуваа преку 150 професионалци, претставници од невладини организации и бизнис секторот. На настанот можеа да се видат резултатите за секој поединечен проект како и можноста за соработка во различни општествени области.