Skip to main content

Фронт 21/42 алармира се изигрува донесувањето на предлог законот за управување со Охридскиот регион

Според нив, се менува целта на законот кој треба да го деполитизира управувачкото тело. Невладините организации кои претходно учествуваа во подготовката на  предлог-законот  сега се изненадени од одредбите со кои одлуките  да се носат според Бадентер и  во Советот да има член од Министерството за политички систем. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од Фронт 21/42 реагираат дека се напуштаат целите на предлог законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион. Информираат дека вчера без присуство на јавноста се одржала седница на собраниската Комисија за култура, а тие кои учествува во рабоата на нацрт законската верзија се изиграни со тоа што на предлог-законот му се додале работи за кои воопшто претходно не станало збор. Работните групи при изработката на нацрт Законот никогаш не зборувале да се вклучи член од Министерството за политички систем , а нити да се применува Бадентеровиот начин на носење одлуки во телото кое треба да управува со Охридскиот регион, информира Александра Бујароска од Фронт 21/42.

„Менувањето на законот и одредбите и целта на тоа менување беше да се деполитизира управувачкото тело. Структурата на истото да стане стручна за да се справи со предизвиците со кои се соочува Охридскиот регион “, посочува Бујароска од Фронт 21/42.

Крајно се изненадени и од предложената законска одредба, Советот одлуките да ги носи според Бадентер. Одредбите за носење одлуки со Бадентер се буквално призалепени на веќе постоечки одредби. Оправданост за ваквите интервенции нема. Целта беше одлуките да се носат стручно и независно а членовите на советот да одговараат за секоја донесена одлука и изнесен став, посочуваат од невладината организација.

„ Без разлика на политчките и партиските интереси на сите партии кои се членови во Собранието и Комисијата сметаме дека треба да ги заборават личните каприци и интереси во контекс на политиката и вистински да почнат со активнсоти за заштитата на Охридскиот регион. Не може да постои виситинска заштита ако телото носи политчки одлуки, а не експертски и стручни одлуки за што треба или не да помине “, вели Бујароска.

Законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион влегол во собрансика процедура, а Бујароска напоменува дека по нивното укажување очекуваат пратениците со амандмани да го ревидираат стручното тело за управување во кое ќе има стручно, а не политичко влијание.