Skip to main content

Општина Охрид ќе го дигитализира и промовира културното наследство

Со средства од ЕУ Општина Охрид ќе го дигитализира и промовира културното наследство.  Преку проектот “Интер-регионално управување со културното наследство“, а со примена на иновативен електронски систем за дигитализација на наследството ќе се направи обид да се дигитализира и промовира културното богатство на општините Охрид, Ѓирокастро, Самос и Крф.

 |   | 

Општина Охрид го имплементира проектот “Интер-регионално управување со културното наследство, Е –систем” (Inter-regional Cultural Heritage Management e – System ), од програмата “Interreg Balkan – Mediterranean 2014-2020”, на Европската Унија.

Главна цел на проектот е дигитализација и промоција на културното наследство, развој на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Проектните активности опфаќаат дигитализација на културното наследство на општините Охрид, Ѓирокастро, Самос и Крф сите места од голем интерес за УНЕСКО, со примена на иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, кој доби европска награда за иновативност.

Ова е исклучително важен проект, пред се за младите, кои понатаму треба да се едуцираат за значењето на културното наследство и богатство со кое располага Охрид.

Проектни партнери се истражувачкиот и иновативен центар за информации, комуникација и технологии, “Атина” од Грција, општините Самос и Крф, исто така од Грција, “ЕЛЕТ – општество за околинско и културно наследство” од Грција, општина Охрид од Република Северна Македонија и општината Ѓирокастро, од Албанија. Водечки партнер на проектот е Универзитетот за технологија, од Кипар.