Skip to main content

Јанева приведена, обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако ја прошири истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше уапсена.

 |   | 

Основното јавно обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако ја прошири истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше уапсена.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја“. Според истрагата, Јанева се стекнала со 298,000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот “Империја”. Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шутка. Од обвинителството велат дека засега нема индиции дека парите што Камчев им ги дал на Боки 13 и Кичеец од 1,5 милиони евра завршиле кај домашни и странски политичари.