Skip to main content

ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот собра храброст, ќе спроведува закон со тоа што се приведени тројца градежни работници

Градоначалникот Константин Георгиески собра храброст, па реши ќе спроведува закон со тоа што се приведени тројца градежни работници. Со тоа покажува дека Локалната самоуправа делува селективно и е определена да се справува само со обичниот граѓанин, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на локалната.

 |   | 

„Георгиески да одговори каде беше кога со месеци го молеа охриѓани, невладини организации, новинари, политички партии да спроведе Закон и да ги спречи нелегалните градби низ целиот град? Зошто дозволи да се изградат дивоградбите низ градот, бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и тогаш не ги спречи работниците како сега? Или тогаш Георгиески беше при очи слеп и при очи глув, или пак тоа е цената за изборната победа?“, стои во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид. Од охридскиот огранок на партијата порачуваат дека е време Законот да почне да важи подеднакво за сите.